Вчера во просториите на Културно-информативниот центар „Култура 365“ каде се одвива акцијата „Недела на книгата“, присуствуваше струшкиот писател Петко Шипинкароски, чие дело „Децата на Марија“ охриѓани имаа можност да го добијат на подарок.

Како што вели писателот Петко Шипинкароски, оваа племенита акција организирана од КИЦ „Култура 365“ заслжува внимание, бидејќи на еден начин ги доближува читателите до пишаните текстови на родокрајните автори.

Мене ми е драго што еве се наоѓам по кој знае кој пат во КИЦ „Култура 365“ кај моите пријатели. Самата акција насловена како недела на книгата, заслужува признание од проста причина што човек има доволно време да помине и да земе со себе книга, односно да се потсети и присети на одредени настани кои биле денес, вчера, или пак некои пораки кои треба да се случат утре.“ – вели Шипинкароски.

За делото „Децата на Марија“, кое е дел од акцијата „Недела на книгата“, струшкиот писател вели дека претставува една вистиска приказна од Првата светска војна кога териториите на Македонија се наоѓале под окупаторските сили.

Во тоа време Македонија била под окупаторски режими, луѓето биле истерани од своите домови, селата запалени, а на тие простори се одвивале војни. Луѓето со своите семејства бегале во другите краишта на земјава и надвор од неа. Во ова дело се зборува за материјалното и духовното живеење во ропството, но и за семејството како столб во животот на човекот, па и во самата држава, односно пошироко во општетството кое треба да се развива како здраво.“  – потенцира Шипинкароски.

Струшкиот автор е познат по тоа што во дијалозити и монолозите на своите дела, вметнува архаизми и дијалектизми од мариовскиот крај, оставајќи автентична трага во пишаното македонско книжевно творештво.

Поголемиот дел од книгите ми се за тие простори од Мариово од каде што потекнувам. Во делата, дијалозите и монолизте се на мариовски дијалект, кој што ми е вроден од дете, но живеам и ден денес со него и тоа го пренесувам во книгите. Го има во мојот прв роман „Откорнати души“, но и во другите како што се „Црна љубов“, „Петра“, монодрамата „Духот на војводата“ посветена на Толе Паша, па и во романот „Децата на Марија“. Употребен е и во поетското творешство каде дел од песните се пишувани  токму на овој дијалект.“  –  истакнува Шипинкароски.

Во моментов, покрај завршување на најновиот ракопис насловен како „Молитва“ кој во јавност треба да излезе за неколку месеци, струшкиот писател работи на подготовка на новиот број на списанието „Бранувања“ кое оваа година слави 5 годишен јубилеј.

Повеќе години заедно со писателите од Струга, Охрид и пошироко од Македонија, имаме Здружение за литература, култура и наука кое се вика „Бран“, а се занимава со повеќе дејности и содржини. Главно го објавуваме списанието „Бранувања“, а моментално го подготвуваме новиот број и она што натамау треба да следи во него. Исто така, оваа година по четври пат го распишавме конкурсот за необјавени збрики-раскази и поетска книга со наслов на Крсте Чачански и Јован Котески, два наши угледни автори кои потекнуваат од Струга. Потоа сме на прагот на втората манифестација насловена како „Струшки книжевни средби“, која се одржува на 4 и 5 јули, кога ќе биде и промоцијата на наградените книги.“ – вели струшкиот писател.

За крај, Шипинкароски им порачува на охриѓани и на сите љубители на пишаниот збор, повеќе да се дружат со книгата, бидејќи тоа претставува благородна работа која ги обновува сеќавањата за одредени настани.

Човек постанува свој и се надградува читајќи дело независно од кој автор е истото. Секоја книга вреди и се што ќе се прочита е вредно. Мотото на Здружението е афирмација на младите писатели и поети преку Струшките книжевни средби и бранувања. Во сите броеви што до сега се издадени, појавени се плејада од такви автори. Наша  цел е младите да се претстават и да го потврдат она што го афирмирале македонските автори.“ – завршува Шипинкароски.

Инаку, акцијата „Недела на книгата“ која се одвива во КИЦ „Култура 365“,  трае до 26-ти јануари, а секој посетител на подарок ќе ја добие книгата „Децата на Марија“ од Петко Шипинкароски.

O.T.