Вработените во една зоолошка градина во Русија го испратиле шимпанзото Зоро на лекување од зависност кон алкохолот и цигарите. Зоро претходно настапувал во циркус, но поради неговиот темперамент бил даден во зоолошката градина во Ростов, каде научил да црта, добил неколку потомци и се пропил.


Пивото и цигарите просто го уништувале. Ги напаѓал минувачите само за да му дадат алкохол. Сега ќе оди на лекување во рускиот град Казан, 800 километри источно од Москва.