Директорот на зоолошката градина во Берлин, ја обиколувал градината со еден посетител и му пришол на шимпанзото по име Педро. Му дал ореви, а шимпанзото му ја зграбило раката и му го одгризнало прстот.
Порпаролот на зоолошката градина изјавил дека Педро е водач на групата и дека мора да се докажува, а во вообичаени околносто шимпанзата немаат пристап до луѓето. Исто така рекол дека Педро нема да биде казнет. Лекарите му го сошиле прстот на директорот, но сеуште не се знае дали операцијата била успешна.