Шимпанзата имаат способност да го разбираат говорот, само мораат повеќе да вежбаат, покажало едно најново истражување. Истражувањето било направено врз 25-годишното шимпанзо Панза на Универзитетот Џорџија, а истото покажало дека освен што реагираат на човечкиот глас и емоции, исто така го разбираат и јазикот, дури и ако зборовите се изобличени.

Шимпанзото можело да разбира симболи, како и повеќе од 130 изговорени зборови, а со луѓето комуницурало со графички и визуелни знаци кои ги научило во младоста. Ова истражување би можело да им помогне на научниците во новиот поглед на тоа како децата го разбираат јазикот. Според истражувањето, шимпанзата знаат да решаваат едноставни задачи, а во едно тестирање на краткорочната меморија биле подобри дури и од студентите.