Во институтот за загрозени и ретки животни во Јужна Каролина грижата за едно младенче на пума ла презела една шимпанзо женка. Таа практично го посвоила сирачето Сиера, мала пума, веднаш штом стигнала во институтот. Таа почнала да им помага на луѓето кои се грижеле за Сиера, ја хранела со млеко од шишенце и внимавала каде се движи пумата.
Петгодишното шимпанзо кое целиот живот го поминало во институтот научила да се грижи за младенчињата на дивите мачки додека за него се грижел стручњак за мачки. Шимпанзата одлично и брзо учат, така да не било потребно многу време да научи да се грижи за мачките. Шимпанзото претходно се грижело за два бели тигри, леопард и четири лава.