Единствена опција во натпреварот со Пролет е победа која ќе не доближи до плејофот, вели крилото на ГРК Охрид Мице Шилегов, во емисијата Спорт+, снимена вчера.
Ја повикувам публиката во што поголем број да дојде во сала и да ни даде поддршка во клучниот натпревар сезонава. – истакна Шилегов кој сезонава игра во одлична форма.
Охрид и Пролет со по 31 бод се израмнети на табелата во ракометната Супер лига и оттаму исходот од меѓусебната пресметка е исклучително важен во борбата за плејофот. Натпреварот Охрид – Пролет се игра вечерва, 12 февруари, во спортската сала Билјанини извори со почеток во 18 часот.
Г.М.