На Република Македонија не и требаат брзи избори, туку фер и демократски избори, изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, запрашан за коментар на изјавата на премиерот Никола Груевски дека ВМРО ДПМНЕ е подготвена да оди наизбори уште во јули или било кој друг датум до следниот април.
– Такви избори во нашата држава може да има, ако и само ако Никола Груевски поднесе оставка и биде формирана преодна техничка влада којашто ќе создаде општи услови и атмосефра во нашата држава да бидат одржани фер избори. Не станува збор, во политиката, како мали деца да се фалиме кој од кого е посилен или како е посилен. Социјалдемократскиот Сојуз посакува избори, меѓутоа, не по теркот на Никола Груевски. СДСМ посакува, бара и инсистира на избори коишто ќе ги организира преодна влада со цел, да ја победи оваа политика на Никола Груевски и да оформи легитимна политичка влада во Македонија.– истакна Шилегов.
OhridNews