Времето на празни ветувања и продавање магла заврши. На граѓаните им е потребен градоначалник кој ќе ги решава нивните проблемите и ќе работи во нивен интерес, а не градоначалник кој со од ракав истресени и слаткоречиви ветувања се обидува да ги прелаже граѓаните, истакна на денешната прес конференција кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ, Дејан Шикоски.
– ВМРО-ДПМНЕ јавно го прашува кандидатот за Градоначалник на СДС Јован Стојаноски дали тој и неговата партија го променија ставот околу раздолжувањето на Охрид, за кое во медиумите тврдеа дека цитирам „сигурно ќе се случи“, а сега нивниот кандидат за Градоначалник во четири последователни настапи зборува за цитирам „ќе вршам притисок врз Премиерот да се раздолжи Охрид“? Дали го применува принципот на неговите ментори Тунтев и Заев, кажи лага и надевај се дека ќе ти помине? Согласно член 41, став 1, од Законот за финансирање на единици на Локална самоуправа, општините може да добијат кредит, само за финансирање на капитални инвестиции, но не и за раздолжување, рече Шикоски.
Шикоски со прашање-Дали вака променетата реторика на СДС значи дека полека но сигурно се потврдува вистината за стравувањата на јавноста, дека целата приказна која ја пласира владата на Зоран Заев за раздолжување на Охрид беше само популизам и маска.
– Да се протне преземањето на долговите за Колекторот со цел целосно да се раздолжи општина Струга, а со тоа неколкуте коалициони партнери на Заев да добијат финансиски раздолжена општина, за да има мир во владината Коалиција и да се сочува тенкото мнозинство во Парламентот. Додека пак за раздолжување на Охрид ќе треба како што вели сега Стојаноски, „да вршиме притисок врз Премиерот“. Станува сосема јасно дека и раздолжувањето на Охрид било само уште една предизборна лага на СДС. Но сепак мораме да признаеме дека во морето лаги, кандидатот на СДС Јован Стојаноски кажа и една вистина и за тоа ВМРО-ДПМНЕ му честита! Јован Стојаноски е прв претставник на партијата СДС кој по четири и пол години упорно одбивање да признаат колкав е долгот на Охрид, јавно пред камери призна дека долгот на општина Охрид беше 50 милиони евра, потенцира Шикоски.
Тој упати уште едно прашање до кандидатот за градоначалник од СДСМ, дали СДСМ ќе побара некој за тој долг да одговара?
OhridNews