Менаџерското столче на Френк Лампард во Челси се тресе, без оглед што клупската легенда ужива голема доверба кај сопственикот Роман Абрамовиќ. „Сините“ периодов не играат на потребното ниво и се наоѓаат во слободен пад на табелата.

Полека се зголемуваат шпекулациите за отказ на Лампард, а со тоа се појавуваат информации за негов потенцијален заменик на „Стемфорд Бриџ“. Најсериозни кандидати се Томас Тухел и Масимилијано Алегри, кои се слободни агенти, а деновиве се поврзува и селектор на Украина, Андриј Шевченко.

Украинецот не брилираше во дресот на Челси но остави голема трага со професионализмот и одличната работа која ја извршува во националната селекција. Шевченко сигурно ќе им биде голема конкуренција на Тухел и Алегри, во случај Лампард да добие отказ.

  • Вајналдум го одби Ливерпул, посакува трансфер во Барселона

Жоржињо Вајналдум, по завршувањето на сезоната ќе го напушти Ливерпул. Холанѓанецот ја одбил последната понуда за продолжување на договорот, тврдат неколку шпански медиуми, но и Ливерпул Ехо, кој секогаш е добр информиран за случувањата на „Енфилд“.

Овие извори објавија дека Вајналдум сметал, дека неговата етапа во Ливерпул е завршена и дека треба кариерата да ја продолжи во Барселона.

Барселона и во летниот период се обидуваше да го донесе Вајналдум, но клубот немаше пари за да го реализира трансферот. За шест месеци, Вајналдум ќе може како слободен играч да го напушти „Енфилд“.

Вајналдум, во зимскиот преоден рок, има право да преговара со Барселона, дури може и да потпише преддоговор.

OhridNews