Украинскиот атлетичар Сергеј Шевченко и Албанката Луиза Гега триумфираа на Атлетскиот маратон во Скопје кој се одржа под строги мерки и протоколи во време на пандемија на коронавирусот.

Шевченко делницата од 42 километри ја помина за 2 часа 22 минути и 49 секунди, додека Гега за 2 часа, 35 минути и 34 секунди. Македонска честа во маратонската дисциплина ја одбрани Дарио Ивановски кој финишираше на втората позиција со време (2, 31, 16). Најдобрите три ги комплетираше Кристијан Стошиќ (2, 39,37). Второпласирана кај дамите беше Адријана Поп Арсова со време 2, 58, 14, а трета заврши Билјана Кираџиева 3,13,21.

Во полумаратон на 21 километри први низ целта минаа Атанас Анчевски односно Милјана Ристиќ. На спортската манифестација во Скопје настапи и екипа на Охрид трчаТ.

 

OhridNews
Фото: Игор Паневски