Легендарниот голгетер на Милан, Андреј Шевченко отрки дека посакува да се врати на Сан Сиро и да ја предводи екипата од клупата. Шевченко, после завршување на фудбалска кариера се посвети на тренерска и повеќе од успешно ја извршува функцијата селектор на Украина.

Еден ден сакам да се вратам во Милан како тренер, тоа е една од моите цели во тренерска кариера. Милан секогаш ќе биде во срцето и со навивачите секогаш ќе имам посебно чувство. Но, треба да се поклопат некои работи и се да испадне како што јас посакувам. Сега сум фокусиран на репрезентацијата. – изјави Шевченко.

43-годишниот Украинец дресот на Милан го носеше вкупно осум години. Популарниот Шева постигна 175 погоци и се уште е еден од најдобрите напаѓачи на „Сан Сиро“.

OhridNews