Жителите на Дун Лоагхир во Ирска од синоќа можат да уживаат во „апокалипсата“ која го погодила нивниот град, а која ја приредил германскиот уметник Едуард Милер. Тродимензионалното патување во средиштето на земјата, односно оптичка илузија на бездна направена со акрилна боја на шеталиштето.
„Сакав да си поиграм со позитивните и негативните чувства, како би ги поттикнал луѓето двапати да размислат за се што ќе видат“ – рекол Милер.