Неколку десетици жени го привлекле вниманието на луѓето, шетајќи со голи гради во средината на градот Портланд за да се изборат за еднакво право на топлес.


Тај Мекдоул, организаторка на акцијата, изјавила дека целта на акцијата е зајакнување на свеста дека жените со голи гради во јавност не би требало да привлечат повеќе внимание од мажите без маици. До крајот на акцијата имало околу 500 луѓе, а меѓу нив имало и млади машки воајери.