Дека куќните поправки можат да бидат опасни докажал и еден жител на Орланд Парк во близина на Чикаго, кој завршил со клинец во главата. Како што пренесуваат медиумите, семејството на Данте Отиљо рекло дека сопругот минал повеќе од 24 часа со 8,8 сантиметри долг клинец во главата. Клинецот се нашол во неговата глава додека со пиштол за клинци ја средувал својата гаража.

Мислел дека клинецот му минал покрај главата, бидејќи ја видел раната, но не и клинецот. Дури кога наредниот ден му се слошило и кога бил примен во болница поради повраќање и мигрена, лекарите утврдиле дека клинецот му останал во мозокот. Тој сега закрепнува после четиричасовната операција за отстранување на клинецот.