Надзорните камери на гробиштата на југот на Мисисипи уловиле човек кој гол шетал по гробиштата. Роберт Харст бил испрашан од полицијата, а подоцна на новинарите им раскажал дека само се обидувал да фотографира духови. Објаснил дека човечката кожа е најдобрата подлога на која може да се види енергијата на духовите.
Рекол дека сакал да ја соблече само маицата, но крајот целосно се разголил. Ни самиот не е сигурен зошто се соблекол и тој свој потег го оценил како глупав. Иако надзорните камери биле поставени поради вандалите, Роберт нема да биде обвинет за вандализам. Ќе му биде напишана казна само за голотија на јавно место.