Огласот на канадската компанија за спортска опрема “Woods Canada” нуди работа од соништата, пешачење низ природните предели на Канада за плата од 20 илјади долари. Работата трае пет месеци, а се состои од шетање по најдолгата мрежа пешачки стази на светот, долга 17 илјади километри, која се протега низ спектакуларните канадски пејсажи. Платата изнесува 20 илјади долари, а од кандидатот кој ќе биде избран се очекува да работи шест дена во седмицата. Целта на компанија “Woods Canada” е да си пронајде амбасадор кој ќе зборува за своите искуства, документирани со фотографии и видео снимки, и на тој начин ќе го рекламира брендот.

 

Работодавачот има намера од глава до пети да го опреми својот шетач чија задала ќе биде да ги тестира производите на терен. Меѓу условите кои кандидатите мораат да ги исполнуваат се спретност во качување, пешачење, возење кану и пливање, како и спремност да минат неколку седмици само во природа. Во предвид ќе бидат земени сите оние кои престојуваат во Канада и кои ќе испратат видео снимка во траење од 60 секунди со објаснување зошто нивниот избор е најдобар.