Малиот був Шрек и шестомесечниот загар Торк се најдобри пријатели. Торк малиот був го посвоил откако бил одвоен од мајката. Сега Торк го чува бувот во домот на соколарот Џон Пиктон каде овие двајца необични пријатели го поминуваат денот заедно. Навечер пред спиење на троседот заедно ги гледаат омилените серии. Шрек слободно шета низ куќата, но најчесто се плетка низ шепите на својот заштитник. Штом ќе излезат во дворот во Хемпшир, Шрек не се одвојува од Торк. Нивното пријателство внимателно се градело а го потикнал Џон кој постепено го запознавал Шрек со Торк.
„Нивното пријателство е необично, но не може да се рече дека не е симпатично.Откако се спријателија, кучето никогаш не го остава малиот був без надзор. Неговиот поглед е секогаш на него. Ова е одлична прилика за Шрек да мусе зајакнат нозете и да се навикне на луѓето и другите животни“. Бувот нема да биде пуштен во дивината, туку како загрозен вид ќе остане во домот на Џон.
ohridnews