Охридскиот велосипедист Јован Јованоски го освои шестото место во дисциплината Друмски велосипедизам на Младинските олимписки игри во Нанџинг.
Членот на велосипедскиот клуб „Екодром“ целната рамнина ја мина со време (1:37‘23‘‘) и забележа одличен резултат за него и за македонскиот велосипедизам.
Прв целта ја мина Иван Вентер од Јужна Африка, второпласиран беше Португалецот, Тијаго Антунес додека трет финишираше Дос Сантош од Бразил.
Вториот македонски натпреварувач Андреј Петровски трката во категоријата Друмски велосипедизам ја заврши на 15-то место.
Мх.П.