Шест луѓе се убиени, а осуммина се ранети, во терористички напад кој се случил за време на молитва во една џамија, во канадскиот град Квебек. Во врска со нападот полицијата веќе уапсила две лица. Терористичкиот напад се случил во една од двете џамии во Исламскиот културен центар во Квебек, во текот на изминатата ноќ, кога граѓаните се собирале за вечерната молитва.

Полицијата го потврдила дека загинале шест лица и објави дека станува збор за терористички чин. Полицијата притворила две лица во врска со нападот. Канадскиот премиер Џастин Трудо изјавил дека се работи за „терористички напад“ и дека веста за нападот ја примил со „голем шок, тага и бес“.

OhridNews
извор Макфакс