Во трката за градоначалничката функција во Охрид на локалните избори што ќе се одржат на 22 март, ќе учествуваат шестмина кандидати.

До истекот на крајниот рок, синоќа на полноќ, до Општинската изборна комисија пристигнале кандидатурите на: СДСМ-Александар Петрески, ВМРО ДПМНЕ – Кирил Трендафилов – Нанче, НСДП – Ацо Попоски, ЛДП – Боро Павлоски, ВМРО НП – Томе Гиноски и на Нова Демократија  – Васви Доко.

Општинската изборна комисија ќе ги разгледа пристигнатите кандидатури, по што се очекува истите да бидат потврдени.