Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се осум нови случаи со Ковид-19 од: Скопје – 3, Струмица – 2, Куманово, Велес и Кичево – по 1. Не се регистрирани нови починати лица.
Регистрирани се 72 оздравени пациенти од: Скопје – 23, Куманово, Прилеп и Кичево– по 7, Гостивар и Охрид – по 6, Битола – 5, Тетово – 4, Радовиш – 3, Штип – 2, Струмица и Дебар – по 1, соопшти Министерството за здравство.
Во моментов во Охрид има 14 активни случаи, а Струга 1.
OhridNews