Учесниците на протестот „Ултиматум не, благодарам“ кој се одржува шести ден против францускиот предлог пристигнаа пред Собранието. Засега протестот се одвива мирно, а собраниската зграда е обебзедена од полициски кордон.

Протестниот марш почна пред владината зграда и продолжи кон Министерството за правда, каде дел од граѓаните симболично положија бели ружи пред полицајците кои ја обезбедуваат зградата.

Како и во изминатите денови од протестот учесниците бараат оставки и отфрлање на предлогот и се пеат патриотски песни.

За време на вчерашниот протест против францускиот предлог беа повредени тројца полициски службеници, а приведени пет лица. Јавното обвинителство вечерва соопшти дека е предложен притвор за три лица осомничени за инциденти за време на протестите во Скопје.

OhridNews