Пескара наредната сезона ќе носи дрес дизајниран од шест годишно момче. Луиџи Д’Агостино победил на конкурсот за идејно решение. Тема на конкурсот била „задај му удар на ковид-19“. Решението на шест годишниот Д’Агостино е мотив се боите на виножитото и делфин (симбол на Пескара) кој удира топка.

Ова решение ги воодушевило членовите на жирито, но и фановите кои со позитивни коментари на „Твитер“ го преплавиле профилот на Пескара.

Пескара се натпреварува во Серија Б.

OhridNews