Кога видел дека англискиот музеј за возови во Јорк бара нов директор, шестгодишниот Сем Поинтон не се двоумел ниту момент. Мајката Лорејн му помогнала да состави писмо на шега знаејќи колку нејзиниот син сака возови. Писмото го пратиле во музејот како пријава за директорското работно место.
Во музејот биле воодушевени. Во писмото меѓу останатото пишувало дека има искуство со возови и дека може истовремено да управува со два електрични воза кои ги имал дома. Управата на музејот ги повикала Сем и неговото семејство како почесни гости во музејот. Малиот сем добил титула Директор за забава во музејот.