Шестгодишната Али од Сиетл одлучила да го донира целиот свој џепарлак на градската библиотека, во обид да ја спаси од затварање. Во помош и пришле и други сограѓани, а сеуште не било познато дали библиотеката ќе остане отворена. Иако Али сеуште учи да чита, веќе станала голем обожавател на библиотеката.
На нејзина жал, куќата на книгата во Сиетл, каде што девојчето живее, се соочува со можност од затварање. Како би ги навела градските власти да ја преиспитаат својата одлука, таа го донирала својот џепарлак кој изнесувал 11 долари на библиотеката. Иако е во прашање мала сума, постои шанса библиотеката навистина да продолжи со работа, благодарение на анонимен донатор, кој кога го видел гестот на малата Али, најавил дека ќе даде половина милион долари.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com