Чудо од дете од Охајо, Пранав Виера, веќе со 4 години почнал да ги искажува своите генијалности.

Родителите неодамна одлучиле да го тестираат со тест за интелеигенција, и останале вчудоневидени од резултатот. Коефициентот на интелигенција бил 176. Таков коефициент има само 1 од милион луѓе.


Пранав, американец со индиско потекло од Охајо, може да ги изрецитира имињата на сите американски претседатели и тоа по редот на нивниот мандат, целата абецеда наназад, а кога ќе му кажете еден датум до 2000 година, точно ќе ви каже кој ден бил тогаш.

Пранав Виера има само 6 години.