Најмладиот Американец кој е примен во болница поради проблеми со алкохолот има само шест години. Неговиот идентитет не се открива, а моментално се наоѓа во болницата Hull Royal, во чии извештаи се објавени овие податоци.


Изминатата година во оваа болница се лечени 175 малолетници кои имаат проблеми со алкохолот. Некои од нив имаат акутни проблеми со алкохолот, некои дошле со алкохолно труење, а некои тука се одвикнуваат од него.

Спроред анкетата во која 500 млади луѓе до 25 години одговарале на прашања за нивното искуство со алкохолот, дури 95% од испитаниците количината на алкохол што ја консумираат може да се смета за штетна. Вознемирувачки е фактот дека на петтина од испитаниците алкохол им купуваат родителите.