Шестгодишно дете од Колорадо огладнело и решило да отиде нешто да касне во ресторан. Малиот ги зел клучевите од колата од баба му, своето седиште од задното го преместил на возачкото седиште и тргнал.
 
Возејќи поминал дваесетина метри затоа што не можел да ја стави колата во брзина. Возејќи во рикверц преминал на другата страна на улицата и удрил во трансформатор. Целата улица од тој момент останала без струја и телефон. За среќа нема повредени, а детето излегло од автомобилот и отишло да и каже на бабата што му се случило.

„Успеал да го да го придвижи автомобилот и тргнал во рикверц, удрил во банкината и поминал уште неколку метри пред да удри во трансформаторот.“ изјавил полицаецот Колин О Конел од Бромфилд. На полицајците се уште не им е јасно како малиот успеал да стигне до педалата за гас.

Сепак полицијата нема да поднесе никаква пријава за овој случај.

J.M.