Еден жител на Франција добил на европската лотарија „Евро Милион“ 26 милиони евра, а според соопштението на француската лотарија, ова е веќе шеста премија на европската лотарија која отишла во Франција.
Среќниот добитник остварил добивка од нешто повеќе од 26 милиони евра, пренел францускиот протал Атлантико. Од основањето на европската лотарија, во 2004 година, вкупно 79 жители на Франција добиле премија, прескокнувајќи ги шпанците (62) и британците (60).