Шеста лица го изгубиле животот во синоќешното невреме кое ја погоди германската покраина Северна Рајна Вестфалија и градовите Дизелдорф, Есен и Келн.

Како што пренесува германски „Билд“, невремето проследено со грмотевици, пороен дожд и ветер кој достигнал до 140км на час, зад себе оставило хаос, а причинета е голема материјална штета која допрва треба да се процени.

Поради невремето, синоќа дел од патиштата во оваа германска покраина не биле проодни, а еден час бил затворен аеродромот во Дизелдорф.

OhridNews