По повод 115. роденден на Јосип Броз Тито, покојниот претседател на некогашната СФРЈ, во Куќата на цвеќето, во Белград, стигнале дури 6 штафети од сите републики на бившата држава.

Штафетите ги донеле „омладинци и омладинке“, а првиот венец што бил положен на гробот од Маршалот бил испратен од неговата вдовица Јованка Броз. Чест на Тито му оддале повеќе од 1.000 претставници на различни боречки организации и околу 2.500 почитувачи на ликот и делото на Маршал Тито.

Роденденот на Броз се славел и во сараевското кафуле „Тито“ како и во Белград, во „Корчагин“. Во Добој, Босна, на журката „Тито Парти 2007“ се играло и козарачко оро како и сплет „партизански игри“. Во Кумровец пак, родното место на Тито, програмата почнала во 11 часот, а симпатизери на Тито дошле од Бихаќ со три автобуси. Имало гости и од Минхен.

На некогашните слетови, веројатно најмногу ќе личи техно-журката на дива плажа во Порторож, Словенија каде се очекуваат голем број млади.

(v.l)

С. К.