Сите зборуваат дека рибата е здрава, но малкумина објаснуваат зошто. Сите многупати сме слушнале дека рибата е исклучително здрава и дека треба почесто да јадеме. Но, податоците покажуваат дека не ја јадеме доволно често. Кога ќе прочитате колку благодети рибата му носи на здравјето, можеби ќе ги промените навиките.

Здрави очи
Големо француско истражување покажало дека Омега 3 масните киселини спречуваат развој на различни очни болести кои доаѓаат со годините. Познато е дека рибата ги содржи Омега 3 масните киселини, па ако сакате здрави очи, знаете што треба да правите.

Избегнете срцев удар
Омега 3 масните киселини се важни за нормално функционирање на срцето. Луѓето кои барем еднаш неделно јадат масна риба, како туна, имаат помалку шанси да добијат срцев удар, покажуваат бројни истражувања.

Зголемете ја моќта на мозокот
Рибата докажано го подобрува функционирањето на мозокот! Како што покажало едно американско истражување, луѓето кои редовно јадат риба имаат подобра концентрација, но и подобро помнат. И повторно, за тоа придонесуваат Омега 3 масните киселини.

Намалете го ризикот од ревматски артритис
Ревматскиот артритис е еден од најчестите облици на артритис и прилично е незгоден. Но, добрата вест е дека можете да го намалите ризикот од таа болест, редовно јадејќи риба, бидејќи редовното јадење риба го намалува ризикот дури за 50 %.

Долговечност
Освен Омега 3, рибата има уште многу други состојки кои се исклучително здрави за човечкото тело. Токму затоа, редовната консумација на риба, гарантира и подолг живот, а тоа го потврдуваат неколку истражувања. Според некои проценки, луѓето кои редовно јадат риба, просечно живеат по две години подолго.

Здрава кожа
Освен што обезбедува убава кожа, рибата придонесува и за нејзиното здравје. Имено, кожата денес е изложена на штетните УВ зрачења, а состојките на рибата ја штитат кожата и спречуваат настанување на канцерогени клетки.

 

извор:tportal.hr