Crystal Palace-Manchester Utd. 1X
Денес се игра 27-то коло во премиер лигата.Наш избор е натпреварот помеѓу Кристал Палас и Манчестер Јунајтед.
А типуваме на победа на домаќинот или нерешено.Јунајтед има повеќе од доволно проблеми и во последните 5 натпревари имаат 1 победа против екипата на Кардиф со резултат 2:0,2 нерешени натпревари (Арсенал 0:0,Фулам 3:3(последните 2 натпревари)) и 2 порази (Стоук 2:1,Челзи 3:1).И згора на се во вторник играат во лигата на шампиони против незгодната екипа на Олимпијакос.Според тоа Дејвид Мојс би требало да излезе со комбинирана екипа и би требало да ги одмори своите најдобри играчи кои и така не се во некоја форма.
Од друга страна пак екипата на Кристал Палас има потреба од минимум 1 бод за да се одлепи од критичната зона за испаѓање.Сега се наоѓа на 15-та позиција со натпревар помалку и 26 бодови.
Кристал Палас во последните 5 натпревари имаат 3 победи (ВБА 3:1,Хал 1:0,Стоук 1:0(сите на домашен терен)) и 2 порази (Арсенал 2:0,Тотенхем 2:0).Според ова може да се каже дека Кристал Палас е и во подем. Традицијата е нормално на страната на Манчестер со 27 победи,10 нерешени и 7 порази.
Derby-Bournemouth 1 (1.8)
Во 16.00 часот се играат натпреварите од Чемпионшип англиската лига.Наш избор е екипата на Дерби која се наоѓа на 3-та позиција и е сериозен кандидат за Премиер лигата догодина.
Дерби како што кажавме се наоѓа на 3-та позиција со заостанување од само 2 бода од 2-риот Барнли.Во последните 5 натпревари имаат 3 победи (Шефилд Венсдеј 0:1,КПР 1:0,Јеовил 3:2) и два нерешени натпревари (Бирмингем 3:3,Блекбурн 1:1).
Од друга страна пак екипата на Борнемоут се наоѓа на 15-та позиција со 36 бодови и еден натпревар помалку.Во последните 5 натпревари имаат 1 победа против екипата на Хадерсфилд со резултат 1:0,3 нерешени натпревари (Барнли 1:1,Болтон 2:2,Ватфорд 1:1) и еден пораз од екипата на Лестер со резултат 0:1. Досега овие две екипи меѓусебно играле еднаш и со резултат 1:0 во корист на Дерби.
Heerenveen-NAC Breda 3+ (1.45)
Во 18.45 во холандската Ередивисе се среќаваат екипите на Херенвен и Нац Бреда. Херенвен е на 6-та позиција,а Нац Бреда на 10-та.
Според нас најдобра опција е 3 или повеќе голови,затоа што Херенвен со 31 даден гол на домашен терен е 2-от најдобар напад во лигата на домашен терен,но и втората најлоша одбрана со примени 24 голови.
Додека Нац имаат 15-28 разлика на голови.
На 8 од 9 натпревари екипата на Херенвен има постигнато 3 или повеќе голови,а Бреда пак на од 16 последни натпревари имаат 13 натпревари со 3 или повеќе голови.
Bologna-Roma 2 (1.55)
Вечерва во 20.45 се игра само еден натпревар од италјанското Калчо,честа ја имаат екипите на Болоња и Рома.Нашиот избор е нормално екипата на Рома која се наоѓа на 2-рата позиција со дури 9 бодови негатива од првопласираниот Јувентус, но со натпревар помалку.
Рома во последните 4 натпревари имаат 3 победи (Сампдориа 3:0,Верона 1:3,Ливорно 3:0) и еден нерешеннатпревар против екипата на Лацио со резултат 0:0.
Од друга страна пак Болоња се наоѓа на 15-та позиција и игра за опстанок.Во последните 5 натпревари имаат 1 победа против Торино со резултат 1:2,2 нерешени натпревари(Сампдориа 1:1,Наполи 2:2),2 порази (Милан 1:0,Удинезе 0:2). И традицијата е на страна на Рома,со 7 победи,5 нерешени и 3 порази.
Palermo-Spezia 1 (1.8)
Денес се играат и натпреварите од 26-то коло од италјанската Сериа Б.Наш избор е екипата на Палермо која се наоѓа на првата позиција со 4 бодови позитива пред Емполи.
Денес ова е шанса за Палермо да ја зголеми предноста и така да се зацврсти на првата позиција. Во последните 5 натпревари Палермо имаат 2 победи (Падова 1:0,Кротоне 1:2) и 3 нерешени натпревари (Чесена 0:0,Емполи 1:1,Модена 0:0).
Специа се наоѓа на 9-та позиција и во последните 5 натпревари имаат 2 победи (Кротоне 3:1,Читадела 1:2),2 нерешени натпревари (Карпи 1:1,Јуве Стабиа 1:1) и еден пораз од екипата на Латина со резултат 1:4.
Досега овие две екипи играле еднаш и победила екипата на Специа со резултат 1:0. Останува вечерва да видиме дали Палермо ќе им врати на екипта на Специа и ќе се зацврсти на првата позиција.
USA : Finland <5.5 (1.4)
Во 16.00 часот во Сочи се игра малото финале на хокеарскиот турнир,а играат репрезентациите на САД и Финска и двете се стари познаници па дури и повеќето репрезентативци се соиграчи во најјаката НХЛ лига.
На овој турнир и двете репрезентации кога играле против појак противник играле со помалку голови,така и очекуваме и денес.
САД до сега со подобрите репрезентации изиграла со резултат(Русија 1:1,Канада 0:1). Финска од друга страна пак со подобрите репрезентации има резултат (Канада 1:1,Русија 3:1,Шведска 2:1).
Јане Лабоски