Веслачите на Веслачки клуб „ЈУГ“ Охрид се вратија од Пловдив, Република Бугарија каде учествуваа на Меѓународната веслачка регата „Тракија“ освојувајки шест медалји.
Анастасија Паскали го освои второто место – сребрен медал во дисциплината скиф за кадетки, и второто место – сребрен медал во дисциплината скиф за сениорки.
Мартина Тодоровска го освои второто место – сребрен медал во дисциплината скиф за лесни веслачки во сениорска категорија, исто така го освои третото место – бронзен медал во дисциплината скиф за јуниорки и во дисциплината веслање на ергометар за јуниорки го освои второто место – сребрен медал. Исабела Димовска го освои третото место – бронзен медал во дисциплината скиф за сениорки.
Ohridnews