Охридските џиу џицу борци во бразилски стил освоија шест одличја на интернационалниот турнир кој се одржа во црногорскиот град, Подгорица.
Дејан Чолески, Никола Стојкоски и Христијан Чолески се закитија со златен медал, Благоја Трајчевски и Дејан Симоноски освоија сребро додека бронза му припадна на Илија Аврамоски.
На турнирот учествуваа најдобрите натпреварувачи од Македонија, Црна Гора, Србија, Хрватска, БиХ и Украина.
Тренерите и натпреварувачите задоволни се од учинокот на турнирот во Црна Гора, што преставува мотив повеќе за макотрпна работа периодов кој следува.
OhridNews