Со три златни, две сребрени и една бронзено одличје на првиот турнир во Скопје охридските атлетичари ја започнаа новата натпреварувачка сезона.
Злато и сребро во фрлање ѓуле односно фрлање диск освои Јулијана Вељаноска, Сара Цветаноска заврши на првото место од подиумот во дисциплината скок во далечина.
Ивона Димитриеска освои два медали. Сребро во дисциплината скок во височина и брона во скок во далечина.
Одличниот настап на охридските атлетичари беше крунисан со шведската штафета (400м, 300м, 200м и 100м) во состав Стефанија Ристеска, Марија Јованоска, Сара Цветаноска и Ивона Димитриеска која го освои првото место.
Атлетскиот клуб Охрид на турнирот во Скопје учествуваше со девет натпреварувачи, а бројот на награди и атлетичари ќе беше поголем ако средствата не беа проблем за најплодниот спорт во градот.
OhridNews