На гастро натпреварите што се одржаа во рамки на неодамна завршениот Меѓународниот саем за туризам во Белград, извонреден резултат постигнаа младите кулинари од средното угостителско училиште “Ванчо Питошески“ од Охрид. Тие во рамки на репрезентацијата на Македонија во која настапија професионални кувари и ученици освоиле 6 први награди.
Младите кулинари од средното угостителско училиште во Охрид покажале одлични вештини во подготвување и сервирање на храна со што ги освоиле симпатиите на жири комисијата која ги оценувала натпреварувачите.
По повод големиот успех на учениците раководството во средното угостителско училиште денеска ќе се одржи пригодна свеченост.
ohridnews