Во последните 24 часа се направени 3.028 тестирање, а регистрирани се шест нови случаи на КОВИД-19, по два во Скопје, Битола и Кичево – по 2.
Не се регистрирани починати, ниту оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Во моментов во Охрид има 11 активни случаи со Ковид 19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.706, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 153.
OhridNews