Шест нови случаи на Ковид-19 регистрира Институот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 3.147 тестирања и нема починати, соопшти Министерството за здравство. Од нив, во Скопје тројца, двајца во Тетово и еден во Струмица.

Регистрирани се четири оздравени пациенти од Скопје, Тетово, Делчево и Крушево – по еден.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.669, бројката на оздравени пациенти е 149.950, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 235.

Во Охрид во моментов има 17 активни случаи.

OhridNews