Солиден настап на стрелците од охридските клубови СК„Охрид” и ЖСК„Лихнидос” на Државното првенство што се одржа викендов на стрелиштето во Касарната во Битола.
Титула нов државен првак за 2023 год, во категорија на сениорки воздушна пушка – меѓународна програма, и припадна на стрелачката Јована Милевска со резултат 599,7 круга. Во истата категорија Јулијана Крстаноска од ЖСК„Лихнидос” се пласира на 4-тата позиција.
Кај сениорите, по пауза од 1 година, повторен камбек на Кристијан Џепароски, на кој овај пат му припадна вицешампионската титула со резултат од 592,6 круга. По долга пауза, повторен настап зеде и повеќекратниот државен првак, Михаил Шишкоски кој овој пат мораше да се задоволи со 4-тата позиција и резултат од 588,3 круга.
Во категорија воздушна пушка – јуниори најдобриот стрелец од ЖСК„Лихнидос, Бојан Спасеноски, мораше да се задоволи со 3-тата позиција со резултат од 599,4 круга. Голем резултатски скок од предходниот натпревар, за младиот Кристијан Балоски, со резултат од 592,8 круга, ја зазеде 4-тата позиција. Бора Какељ, со резултат од 550,3 круга ја зазеде 14-тата позиција, Никола Спироски со резултат од 536,1 круга, се пласира на 16-тата позиција и Андреј Ванѓелоски со резултат од 498,2 круга, се пласира на 18-тата позиција.
Во екипен пласман – јуниори пушка, ЖСК„Лихнидос”, во состав: Бојан Спасеновски, Никола Спироски и Бора Каќел се пласираа на 3-тата позиција со резултат од 1685,8 круга.
Во категорија воздушна пушка – јуниорки, Теодора Спироска, со резултат од 574,7 круга ја зазеде 11-тата позиција, Драгана Локоска, од истиот клуб, со резултат од 542,8 круга се пласира на 14-тата позиција. Сара Цикуш, Ема Петрова, Матеја Вејновиќ, Емилија Алексоска, Ана Танеска, Анисија Крстевска и Ива Ангелоска се пласираа од 16-тата до 23-тата позиција.
Во екипен пласман, водушна пушка- јуниорки, третата позиција за Ск„Охрид”, во состав: Теодора Спироска, Драгана Локоска и Анисија Крстевска со резултат од 1610,6 круга.
На 4-тата позиција во екипен пласман – јуниорки пушка, се пласира екипата на ЖСК„ Лихнидос”, во состав: на Ана Танеска, Сара Цикуш и Емилија Алексока со резултат од 1545,2 круга.
Кај возудушен пиштол – јуниори, голем успех на младиот и перспективен Иван Милевски од СК„Охрид” кој со резултат од 533 круга се пласира на вицешампионската позиција. Со заостанување од 6 круга и младиот Климент Мостро од ЖСК„ Лихнидос”, со резултат од 527 круга се пласира на 3-тата позиција. Крсте Петрески од СК„Охрид” со резултат од 427 круга заврши како 8-мо пласиран.
Нов државен првак, во категорија, јуниорки – пиштол, е младата Стефанија Вељаноска, од СК„Охрид”, со резултат од 531 круг. Во истата категорија, Стефанија Савеска од ЖСК„Лихнидос”, со резултат од 486 круга, се пласира на 6-тата позиција, додека Верица Божиноска од СК„Охрид”, на 7-мата позиција. Наталија Савеска и Теодора Сајкоска од ЖСК„Лихнидос”, на 8-мата односно 9-тата позиција
Во сениорки, воздушен пиштол, Валентина Гоџоска, се пласира на 6-тата позиција со резултат од 503 круга. На истата позиција и во сениори- воздушен пиштол, се пласира и Велибор Балоски, со резултат од 513 круга.
По пауза од еден месец, стрелците на двата клуба ќе настапат на вториот Куп што треба да се одржи повторно во Битола.
OhridNews