На подрачјето на Полициската станица – Кичево, регистрирано е едно кривично дело „Тешка кражба“, две кривични дела ,, Кражба во обид“ и три кривични дела ,,Кражба“. Во истиот период се случило и едно оштетување и вкупно 5 сообраќајни незгоди со предизвикана материјална штета.
На станичното подрачје Струга, евидентирани се три кривични дела ,,Тешка кражба“, три кривични дела ,,Кражба“ и едно кривично дело ,,Тешка кражба во обид“. Во анализираниот период, регистрирани се две нарушувања на Јавниот ред и мир и три сообраќајни незгоди со предизвикана материјална штета.
На подрачјето на Полициската станица Дебар, регистрирана е една сообраќајна незгода со помала материјална штета.
Против сторителите на кривичните дела ке бидат поднесени соодветни пријави.
ohridnews