1. Пијте многу вода
Толку е едноставно, а толку многу и значи на кожата. Можеби не треба да се бројат точно осум чаши кои се препишуваат, но секако пијте многу, бидејќи така ќе ја подобрите циркулацијата, а ќе ве развесели и тоа што тоа е одлична метода за пеглање на брчките. Хидратизираната кожа гарантира и општо здравје.Важно е количината на вода која ја пиете да ја распоредите во текот на целиот ден. На тој начин повеќе од водата веднаш ќе го напушти телото, а кај целодневното дозирање подобро ќе се искористи во организмот.

2. Намалете со слатките
Всушност, намалете ја целата блага храна, скриени шеќери има во се, дури и во солената храна. Се што е индрустриски производ, проверете. Кај внесувањето на непожелни шеќери се зголемува количината на инсулин, а тоа предизвикува голема борба во организмот. Кога сме кај состојбата на кожата, тоа предизвикува намалување на колагенот и еластичноста. Кожата побрзо ќе се “обеси“ и ќе се набрчка. Наместо бел леб и слатки,јадете кафеав ориз и зеленчук, како и здрави маснотии како маслинките и авокадото.

3. Не бришете се грубо со пешкирот, тапкајте го по телото.
Можеби немате трпение да се тапкате со пешкирот после туширањето, но ако имате сува кожа и ги истриете сите масла од неа, особено во зима, само ќе ја влошите состојбата. Во зима е ситуацијата полоша поради греењето, односно сувиот воздух, И да, во зима не се туширајте подолго од 10 минути, и тоа со топла а не со жешка вода.

4. Спијте најмалку седум часа
Никогаш не е доста да се повторува дека треба доволно да се спие и да се уреди биоритамот. Имено, треба да се оди на спиење во приближно исто време, а така е и со будењето. Седум часа е некој оптимум за организмот. Тоа е добробит и за телото и за лицето, помалку ќе се прават брчки, а кожата ќе ја задржи еластичноста.

5. Помалку сончајте се
Можеби сакате темен тен, но годините на сончање оставаат траги. Се разбира, потребен ви е витамин Д, но не сакате да претарате и да заработите изгореници, дури ни појако црвенило, не сакате прерано да добиете брчки, а во најлош случај, не сакате да ризикувате да добиете рак на кожата. Не бегајте од сонцето, но секогаш можете на главата да ставите шешир и очила за сонце. И кремите за сончање се од голема помош.

6. Не ги стискајте акните
Стискањето на акните може да предизвика вистински хорор на лицето. Со стискањето нештата само ќе станат полоши, ќе ви останат лузни или може да предизвикате инфекција на кожата. Со тоа всушност се пробива кожата и отвара пат на нечистотиите и бактериите. Ако не поминуваат, обратете се на дерматолог.

извор:tportal.hr