Денеска се навршуваат шест месеци од загинувањето на најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој на 16 октомври го загуби животот во сообраќајна несреќа во близината на Нова Градишка, Хрватска.

По тој повод денеска во неговото родно Крушево ќе се одржи шестмесечен помен  во црквата Св. Никола и на гробот на Тоше.

Во Крушево денеска ќе биде отворена  канцеларијата на Меѓународната фондација Тоше Проески која е  лоцирана во центарот на градот.

ohridnews