На 21.04.2025 во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 53 годишно лице од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 42 годишно лице од Куманово.

Во несреќата, возачот на возило „киа“ и 19 годишната сопатничката од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода“ и сопатниците 36 годишна и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево.

OhridNews