Секоја година козметичката индустрија се повеќе напредува па така денес постојтат BB и CC кремови, руменило кое се прилагодува на пигментот на вашата кожа и кремови кои ги исполнуваат брчките за само неколку секунди.
Сепак некои “клучни” козметички производи сеуште имаат иритантни мани, па многу жени со нетрпение го очекуваат појавувањето на следните шест прозиводи:
1.Водоотпорна маскара која лесно се вади
2.Хранлив крем против брчки кој не ја “мрси” кожата
3.Мат пудра која навистина матира
4.Сјај кој ги зголемува усните без лошите последици како пецкање и
затегнување
5.Мат кармин кој не ги суши вашите усни
6.Ефикасно средство за отстранување на бојата за коса од кожата