Шест каратисти од Охрид- македонски репрезентативци на Балканското карате првенство кое ќе се одржи во Белград од 3 до 5 јуни.
Боите на Македонија ќе ги бранат членовите на карате клубовите „Кун-су-то” – Охрид, Анастасија Смилевска, Козма Митревски, Дамјан Митревски, Матеа Грозданоска и карате клубот „Чоле-Охрид” Стефан Петрески и Мартина Костоска.
Како дел од тренерскиот тим на македонската карате репрезентација е и тренерот на карате клуб „Кун-су-то” Охрид Игор Смилевски.
OhridNews