Во интерес на објективниот избор, од „Богојавление“ не ги соопштуваат имињата на кандидатите, меѓу кои петмина се од Охрид. Меѓу нив, као што дознаваме, има сопственици на познати градежни компании и туристички агенции.
Изборот на новиот кум на Водици ќе се изврши утре на состанок на здружението што ќе се одржи зад затворени врати, по што одлуката ќе биде соопштена на прес конференција.