Основачот на Микрософт и еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, на листата на иновации кои ќе го променат светот, стави шест работи кои според него ќе го подобрат животот на луѓето.

Подобро чување на вакцините

Вакцините спасуваат милиони животи, но брзо се расипуваат доколку не се чуваат на соодветна температура. Група научници од компанијата „Global Good“ од Сиетл, САД, создаде иновативен ладилник наречен „MetaFridge“, кој е специфичен по тоа што може да одржува ниска температура долго време доколку остане без напојување со електрична енергија.

Едитирање гени

Замислете иднина во која можеме да земеме ДНК од болно дете и ги отстраниме гените кои можат да предизвикаат тешки заболувања, вели Гејтс.

Соларно гориво

Научниците во лабораториите на институтот „Caltech“ работат на создавање соларно гориво, кое ќе ја намали зависноста од фосилните горива и ќе ги намали климатските проблеми, открива Билј Гејтс.

Генетски вакцини

Најголемиот број вакцини денес користат ослабени или неактивни форми на вирус за да го поттикнат организмот да создаде антитела и да спречи развивање на болест. Новиот вид вакцини на кои се работи се насочени кон искористување на генетскиот материјал за нивно создавање. Тоа според Гејтс ќе го забрза и поевтини процесот на создавање вакцини.

Подобрен внес на лекови

Доколку секој ден пиете лекови во исто време знаете колку е лесно да го заборавите терминот, вели Гејтс. Компанијата „Intarcia“ направила мал уред кој се всадува под кожата на човекот и кој полека ги ослободува лековите во крвотокот на одреден временски период.

Вештачка интелигенција

Од сите иновации на листата, сигурен сум дека оваа во потполност ќе промени нашиот начин на живот, истакнува Гејтс. Но, исто така, ќе создаде нови предизвици на кои ќе мораме да обратиме големо внимание, вклучително и на промената на занимањата на луѓето кои поради автоматизацијата ќе останат без работа, смета Гејтс.

OhridNews