Дека зависноста од интернет и игри може да биде сериозен проблем сведочи примерот на 30-годишниот кинез Ли Менг, кој тврди дека во последниве шест години буквално живеел во едно интернет кафе во Чангчун на североистокот од Кина. Својата позиција на компјутерот ја напуштал само за да се истушира или нешто да јаде. Сопственикот на кафето Сун Ванг рекол дека никому не му сметал и дека бил целосно нормална личност.

Едвај го забележувале, секогаш ја плаќал сметката, а разговарал исклучиво кога имал некој технички проблем или кога сакал да нарача храна. Ли обично играл по цела ноќ, а преку ден спиел пред мониторот. Ванг рекол дека се додека плаќа местото ќе биде негово. Месечниот наем на компјутерот во интернет кафето чинел околу 100 евра, а Ли парите ги заработувал освојувајќи разни гејмерски турнири. Така заработувал околу 400 евра, а минималната плата во Чангчун изнесувала околу 200 евра.