На денешен ден исламски терористи во САД киднапираа четири патнички авиони и изведоа најголеми терористички напади во историјата.

Двете кули на Светскиот трговски центар во Њујорк потполно беа урнати кога во нив удрија два авиони. Третиот авион со едното крило допре до зградата на Пентагон во Вашингтон, а четвриот, после борбата меѓу патниците и киднаперите, се урна во Пенсилванија.

Во нападите загинаа најмалку 2.973 лица. САД за нападите ја обвинија терористичката мрежа на Ал Каеда на саудискиот исламски терорист Осама бин Ладен.

По нападот светот се обедини во борбата против тероризмот и со заеднички воени сили го урна режимот на талибанците во Авганистан каде се смета дека се крие Осама бин Ладен.

ohridnews